Other languages

Constipation and Bowel Control

Запек и контрола на цревата

PDF   |  Aудио

This fact sheet explains what constipation is and suggests some ideas for improvement and tells you where to get more help.

Во овој информативен лист се објаснува што е запек (“тврда столица”, constipation), се нудат идеи како таа состојба да се надмине и каде да побарате помош.

What is constipation?

Constipation is a common disorder where bowel actions ('poo' or faeces) are not easily and/or less frequently passed. Symptoms of constipation include:

  • Hard stools
  • Excessive straining
  • Being unable to pass faecal matter and/or feeling as though your bowels are not completely emptied

Што е запек?

Запек е често пореметување кога изметот тешко и/или поретко се исфрла. Симптомите на запек се:

  • „Тврда столица“
  • Прекумерно напрегање
  • Неможност да се исфрли изметот и/или чувство дека цревата не ви се целосно испразнети

What does being 'Regular' mean?

  • You can 'hold on' to your bowel action until you get to the toilet
  • Once you are sitting on the toilet you can start a bowel action
  • You feel that you have emptied your bowel fully
  • Going to the toilet anywhere between 3 times a day to 3 times a week.
  • Being 'regular' can vary from person to person.

Што значи да се биде “редовен”?

  • Изметот да може да го задржите додека да стасате во тоалет
  • Празнењето на цревата да може да го почнете кога ќе седнете нa тоалетот
  • Да чувствувате дека целосно сте ги испразниле цревата
  • Да одите во тоалет од 3 пати дневно до 3 пати неделно
  • Да се биде “редовен” се разликува од човек до човек

What can cause constipation?

  • Insufficient fibre intake in the diet
  • Insufficient daily fluid intake
  • Insufficient exercise
  • Prescription and/or over-the-counter pain relief medications or chronic health conditions
  • Pregnancy and childbirth
  • Bowel disorders and/or damage that require further medical investigation
  • Prolapse - a sagging and/or collapsing of internal organs which interferes with bladder and bowel control

Што може да предизвика запек?

  • Недоволно јадење растителни влакна (fibre)
  • Недоволно пиење течности секој ден
  • Недоволна физичка активност
  • Лекови против болки препишани на рецепт или во слободна продажба, или хронични здравствени состојби
  • Бременост и породување
  • Нарушувања во цревата и/или оштетувања кои бараат натамошно медицинско испитување
  • Пролапс — свиснување и/или спуштање на внатрешни органи, што влијае врз контролата на мочниот меур (бешиката) и цревата

What should your 'poo' look like?

Your poo should be light or dark brown, sausage-shaped, soft but firm, easy to pass and with minimal odour. Aim to have a type 3 or type 4 bowel action.

Како треба да изгледа вашиот измет?

Вашиот измет треба да биде светло или темно кафеав, во облик на колбас, мек но цврст, лесно да поминува и со минимална миризба. Цел нека ви биде изметот да е од типот 3 или 4.

Common Bowel Problems

Faecal Impaction - When constipation causes faeces to pack the intestine (digestive tract) so tightly that your normal pushing action in the toilet is not strong enough to push the faeces out.

Faecal Incontinence (sometimes referred to as 'soiling') - This is the accidental loss of liquid or solid faeces. This can be due to the bowel (which stores the faeces) being too full, but this may be only one of the causes. Uncontrolled flatus ('wind') is often considered evidence of faecal incontinence.

Haemorrhoids (sometimes referred to as 'piles') - This can be the result of straining to have a bowel movement. This strain (similar to heavy lifting) can damage the rectum's veins. This can cause bleeding, soreness and itching.

Rectal Prolapse - This occurs when long-term straining causes a small amount of bowel lining to push out from the anus, which is a ring of muscle that opens and closes when we pass a bowel motion. 

Вообичаени проблеми на цревата

Фекално собивање (Faecal Impaction) – Кога запекот предизвикува изметот да ги наполни цревата (системот за варење) толку цврсто што нормалното напрегање не е доволно силно за да го исфрлите изметот.

Фекална инконтиненција – Неконтролирано испуштање течен или цврcт измет. До тоа може да дојде затоа што цревата (во кои се собира изметот) се преполни, но тоа може да биде само една од причините. Неконтролираното испуштање гасови („ветер“) често се смета како доказ за фекална инконтиненција.

Хемороиди – Може да бидат резултат на напрегање при исфрлање измет. Тој напор (слично како при кревање тешки предмети) може да ги оштети вените на чмарот. Тоа може да предизвика крварење, болки и јадеж.

Ректален пролапс – Се јавува кога долгорочно напрегање предизвикува мал дел на обвивката на цревата да биде истуркана низ чмарот кој е прстен од мускули што се отвора и затвора кога исфрламе измет. 

How constipation affects bladder control

Constipation can cause accidential leakage from your bladder. An overfull bowel will cut down the volume of urine your bladder can hold and you will feel the need to go to the toilet often and in a hurry.

Како запекот влијае на контролата на мочниот меур

Запекот може да предизвика несакано истечување од вашиот мочен меур. Преполнетите црева може да го намалат количеството моч што мочниот меур може да го држи, па ќе чувствувате дека во тоалет треба да одите често и итно.

Here are five ways to keep your bladder and bowel healthy and prevent constipation:

Eat well to keep your bowels regular and to have a healthy body weight

Eat a healthy diet high in fibre (at least 30g per day).

Drink well to prevent constipation and bladder irritation

Drink 1.5 -2 Litres(6-8 glasses) of fluid each day unless advised otherwise by your doctor. Fluid is water, fruit juice, tea, coffee, milk, soup, jellies and icecream.

Exercise daily to prevent constipation and keep a healthy body weight

Keep your pelvic floor strong for good bladder and bowel control

Request a pelvic floor muscle exercise leaflet by calling the National Continence Helpline 1800 33 00 66.

Toileting habits - Go to the toilet as soon as you need to and empty your bowel fully. Remember to relax.

Пет начини како да ги одржувате здрави мочниот меур и цревата, и да спречите запек:

Хранете се правилно за да ги одржувате цревата „редовни“ и да имате здрава телесна тежина

Јадете здрава храна богата со растителни влакна (најмалку 30 грама дневно).

Пиjте доволно течности за да спречите запек и надразнување на мочниот меур

Пиjте 1,5-2 литри (6-8 чаши) течности секој ден, освен во случај вашиот доктор да ви препорачал поинаку. Под течности се подразбира вода, овошни сокови, чај, кафе, млеко, супа, желе и сладолед.

Вежбајте секој ден за да спречите запек и одржувате здрава телесна тежина

Кaрличната преграда (pelvic floor) oдржувајте ја силна заради добра контрола на мочниот меур и цревата

Телефонирајте на National Continence Helpline (Националната линија за континенција) на 1800 33 00 66 и побарајте информативен лист за вежби на мускулите на карличната преграда.

Навики во тоалет – Одете во тоалет штом ќе почувствувате потреба и целосно празнете ги цревата. Не заборавајте да се отпуштите.

Check your toileting postion:

  • Your knees should be raised slightly above the level of your hips
  • A small footstool might be needed to get you into the best position
  • See the diagram below for further help

Проверете ја вашата положба во тоалет:

  • Колената треба да ви бидат кренати малку над висината на колковите
  • Може да ви треба ниско столче за да ја заземете најдобрата положба
  • За натамошна помош видете го цртежот подолу

Laxatives

  • Laxatives are medicines that will help loosen the bowel motion to prevent blockages and straining.
  • Talk to your doctor about using these.
  • Generally, laxatives should only be taken for short periods of time.

Лаксативи

  • Лаксативите се лекови кои помагаат за смекнување на изметот, за да се спречи блокирање и напрегање.
  • Разговарајте со вашиот доктор како се користат лaксативите.
  • Општо гледано, лаксативите треба да се земаат само кратко време.

There are three types of laxatives:

  • Bulking Agents - These increase the bulk of the stool (faeces). Drinking at least 6-8 glasses of fluid daily is essential.
  • Lubricant Laxatives - These soften the faeces and make them easier to pass.
  • Stimulant/Irritant Laxatives - These make the bowel more active in moving faeces through the bowel.

Постојат три вида лаксативи:

  • Bulking Agents ‐ Ја зголемуваат големината на „столицата“ (изметот). Исклучително важно е да се пијат најмалку 6-8 чаши течности дневно.
  • Лаксативи за подмачкување ‐ Го oмекнуваат изметот и помагаат полесно да помине.
  • Стимулативни/надразнувачки лаксативи ‐ Ги прават цревата поактивни во туркањето на изметот низ цревата.

If constipation is severe or continuing, go to your Doctor.

Ако запекот е силен или продолжува, отидете кај вашиот доктор.

Who can help?

The first step to improving your bowel control is to have a full continence assessment carried out by a health professional.

Кој може да помогне?

Прв чекор во подобрувањето на контролата на вашите црева е професионално здравствено лице да изврши целосна процена на континенција.

For more information

There are a range of health professionals who can help you deal with constipation.

  • Visit your GP or specialist
  • Telephone a Continence Nurse Advisor on the National Continence Helpline 1800 33 00 66
  • To use an interpreter, ring the Translating and Interpreting Service (TIS) on 13 14 50

За повеќе информации

Постојат низа професионални здравствени лица кои може да ви помогнат да се справите со запекот.

  • Отидете кај вашиот општ доктор (GP) или кај специјалист
  • Телефонирајте на медицинска сестра – советник за континенција на National Continence Helpline на 1800 33 00 66
  • За користење на преведувач, јавете се на Службата за писмено и усно преведување (TIS) на 13 14 50